СДСМ до претседателот на ЗНАМ Димитриевски: Време е граѓаните да ви ја испорачаат сметката

– Максим Димитриевски денеска рече дека завршило времето на политичари што се натпреваруваа кој ќе летува на поексклузивна дестинација (веројатно мисли на Мицкоски и неговите патувања со државниот авион) и дека дошло време за отчет пред граѓаните. Да, Максо. Време е. Време е граѓаните да ви ја испорачаат сметката. За предавство на партијата. За предавство на гласачите. За Пошта. За тендерите – се наведува во реакцијата од СДСМ на изјавата на претседателот на ЗНАМ Максим Димитриески.

Доста го крадевте буџетот на граѓаните на Македонија.

ЗНАМ е здружение што го создаде и го финансираше Мицкоски. Сега ве финансира преку тендери.

Ви го плаќаше уделот во тендер-коалицијата.

Тоа здружение, ЗНАМ, повеќе не постои.

Не постои во анкетите. Не постои кај граѓаните.

Си одат пратеници. Си одат советниците по општините.

Остануваат само Максо и Минчев.

Останатите седат само уште малку, колку да си го наплатат предавството.Ете колку остана од ЗНАМ.

А остана уште и граѓаните да ви ја испорачаат сметката.

И да одговарате за криминал и корупција.

Уште малку.

Доаѓа времето на вистината и правдата.

ЗНАМ тоа го знае.

 

Back to top button
Close