ДУИ бара албанскиот јазик да биде вратен на државните табли
Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците, стои во соопштението на Демократската унија.

Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на Албанците.
Бараме албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните табли, а надлежните институции јавно да се извинат за ова прекршување.
Вреди носи директна одговорност за ова. Наместо да го спречи деградирањето на албанскиот јазик, измислува празни оправдувања и со манипулативни видеа се обидува да ги измами граѓаните.
Албанскиот јазик е службен јазик и неговата употреба е законска обврска. Срам за оваа потчинетост.






