„Обвинителството да одлучува според докази, а не партиски наредби“ – ДУИ со критики до ВЛЕН
Денес, целата јавност е скандализирана од реакцијата на партијата Влен и нивното прозивање на обвинителството. Меѓународната заедница континуирано известува за притисокот на владата врз обвинителството и судовите, додека Влен јавно го потврди ова сомневање денес, велат од ДУИ.

„Извештајот на Европската Унија предупредува како никогаш досега за политичко мешање во владеењето на правото.
Обвинителството и судовите мора да одлучуваат врз основа на докази, а не врз основа на политички и партиски директиви.
Селективна партиска правда не им е потребна ниту на граѓаните ниту на Северна Македонија.
ДУИ ја изнесе оваа загриженост пред меѓународните пријатели, вклучително и денешната изјава на Влен.
ДУИ повикува на европска, неселективна правда.
Обвинителите ја носат одговорноста и мора да одлучуваат врз основа на закон, докази, вештачења, а не врз основа на партиски наредби и желби.
Влен се обидува да ја камуфлира својата неспособност и целосен неуспех со политички прогон и притисок врз обвинителството.
Нека Влен почне од своите редови, како на приѓер Изет Меџити и Висар Ганиу за над 250 милиони евра штета со незаконски градби, Бурим Латифи за над 19 милиони евра штета на буџетот, Недим Рама и други злосторници од нивните редови“, се вели во соопштението.






