Москва го пофали Радев

Москва забележува промена во реториката на Софија во однос на Русија и кризата поврзана со Украина по доаѓањето на власт на владата предводена од Румен Радев.
Според руското Министерство за надворешни работи, позицијата на Бугарија станала „повоздржана“ и добила „рационални елементи“.
Ова го изјави Јуриј Пилипсон, директор на Вториот европски департман на Министерството за надворешни работи на Русија, во интервју за ТАСС.
-По доаѓањето на власт во Бугарија на новата влада на чело со поранешниот претседател на земјата Радев, реториката на официјална Софија на тема Русија и кризата околу Украина стана повоздржана и доби рационални елементи – рече тој.






