(ВИДЕО) Трамп се пофали дека го нарекувале „еден од најголемите претседатели“, новинарот веднаш му возврати: „Тоа дефинитивно не го велат“
Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа незгоден момент за време на интервјуто за „Punchbowl News“, откако новинар директно му возврати на неговото тврдење дека е „еден од најголемите претседатели“ во американската историја.

Разговорот со новинарот Џејк Шерман се водел околу можноста демократите да ја преземат контролата врз Конгресот по изборите во 2027 година и можните истраги против Трамп, вклучително и повторно покренување постапка за негов импичмент.
Punchbowl News’s Jake Sherman: “If Democrats do take over the House, it’s just going to be investigation mania. They’re going to do oversight. They could impeach you again. Do you think they will?”
President Trump: “Well, a lot of people are saying I’m one of the greatest… pic.twitter.com/xRNKGyis70
— RedWave Press (@RedWavePress) August 7, 2026
Кога бил прашан дали се плаши од такво сценарио, Трамп самоуверено одговорил дека „многу луѓе“ го сметаат за еден од најголемите претседатели во историјата.
„Но, тие дефинитивно не го велат тоа“, му возвратил Шерман низ смеа.
Трамп веднаш се обидел да ја одбрани својата позиција, наведувајќи дека, според него, луѓето ги гледаат резултатите од неговата работа. Потоа почнал да ги набројува економските резултати, инвестициите во САД, развојот на вештачката интелигенција и враќањето на големи компании во земјата.
Во интервјуто Трамп зборувал и за претстојните конгресни избори и признал дека не е сигурен дали гласачите кои гласале за него ќе излезат на избори и ќе ги поддржат републиканците доколку неговото име не се најде на гласачкото ливче.
„Ако јас не се кандидирам, дали тие луѓе ќе излезат и ќе гласаат? Тоа е единственото нешто што не можам да ви го кажам“, рекол Трамп, додавајќи дека дел од неговите поддржувачи се незадоволни од Републиканската партија, но не и од него лично.
Трамп се осврнал и на односите со конгресните лидери. Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон го опишал како „фантастична личност“ со која има добар однос, додека бил повоздржан кога бил прашан дали ќе го поддржи Џон Тун за повторно да биде лидер на републиканците во Сенатот.
„Не сакам да навлегувам во тоа. Мислам дека имаме добар однос и нема недоразбирања меѓу нас“, одговорил Трамп.
Во пресрет на изборите, Трамп се соочува со неизвесност околу тоа дали републиканците ќе ја задржат контролата врз двата дома на Конгресот, што би имало директно влијание врз неговата можност да ја спроведува политичката агенда во преостанатиот дел од мандатот.






