Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал на медицински персонал во Карпош

Вработен во Итната медицинска помош агресивно се однесувал и со остар предмет упатувал закани кон медицински персонал во здравствена установа на подрачјето на Карпош, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 август во 19:30 часот.

Според информациите од полицијата, настанот се случил околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на Карпош, каде Ф.С., вработен во Итната медицинска помош, агресивно се однесувал и со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Back to top button
Close