Двајца малолетници лишени од слобода за разбојништво во обид во Центар

Двајца малолетници на возраст од 15 и 13 години се лишени од слобода поради сомнение дека се обиделе да ограбат 14-годишник во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, околу 20:40 часот, на улицата 11 Октомври во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода двајцата малолетници.

Според пријавеното, околу 20:00 часот на булеварот Кочо Рацин, тие физички го нападнале 14-годишниот малолетник од Скопје и се обиделе да му одземат пари. Откако не успеале во намерата, побегнале од местото.

Двајцата малолетници биле задржани во полициска станица.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за кривично дело „разбојништво во обид“, согласно член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик

Back to top button
Close