ВИДЕО: Непријатно прашање за Вучиќ пред камерите: „Ми ветивте работа ако соберам доволно гласови
Таа му се обрати на Вучиќ, но и на вршителот на должноста директор на „Србијашуми“, Крсто Јањушевиќ, и на претседателот на општина Нова Варош, Бранко Бјелиќ, кои стоеја зад српскиот претседател.
Жената рече дека во 2020 година ѝ било ветено вработување доколку собере одреден број гласови, но дека работата никогаш не ја добила.
Таа додаде дека Бјелиќ е нејзин сосед и дека оттогаш повеќе не разговара со неа.
„Мене ме интересира зошто не ја добив таа работа, а ми беше ветено дека ќе ја добијам“, рече жената.
Таа не кажа за какво работно место станува збор, ниту изнесе повеќе детали за собирањето гласови, но тврдеше дека има докази дека го правела тоа.
Вучиќ најпрво порача дека никој нема да ја отстрани жената и дека секој има право да каже што сака. Разговорот, сепак, продолжи, а во еден момент тој ја праша „дали е сега доста“.
Потоа ѝ рече дека она што го има со Јањушевиќ и Бјелиќ треба да го решава со нив.
„Тоа што го имате со нив двајца, ќе го решавате со нив двајца. Зошто не сте оделе кај нив во општината?“, ја праша Вучиќ.
Жената одговори дека била во општината, по што разговорот на оваа тема заврши.






