Цело МВР без здравствено осигурување: „Да се обезбеди трајно решение“, реагира Независниот синдикат

Сметаме дека ваквите ситуации се недозволиви и не смеат да се повторуваат во ФЗОМ, особено кога станува збор за здравственото осигурување полициските службеници. Ова го посочуваат од Независниот синдикат на полицијата од каде истакнуваат дека внимателно ја следат состојбата со проблемот со здравственото осигурување на припадниците на Министерството за внатрешни работи, кој повторно се појавува во Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

– Во текот на денот НСП ќе подготви и достави допис до Министерот за внатрешни работи, од кого ќе побараме итна интервенција во ФЗОМ, со цел проблемот во најкраток можен рок да биде надминат и да се обезбеди трајно решение за да не се повторува во иднина.

НСП останува посветен на заштитата на правата и интересите на припадниците на МВР и ќе продолжи да реагира секогаш кога нивните права се доведени во прашање – нагласуваат од синдикатот.

„Слободен печат“ денеска објави дека од вчера сите вработени во МВР немаат здравствено осигурување – враќани се од хемотерапија, од дијагностички процедури, од лаборатории, со образложение или приватно да си платат, или да чекаат да се регулира состојбата.

Според нивни извори од Фондот за здравство проблемот настанува кога некој полициски службеник со судска одлука е вратен на работа, поради што за него придонесите ќе бидат прокнижени денеска, па пак сите во МВР ќе добијат здравствено осигурување

Back to top button
Close