ДУИ го кандидира Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека на претстојните избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији.

Од партијата наведуваат дека кандидатурата на Јахији претставува „одговорност, единство и визија за развој на општината“ и дека целта е создавање поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви можности за сите населени места.
Во соопштението ДУИ оценува дека Брвеница располага со значителен развоен потенцијал и оти е потребно раководство кое ги познава потребите на граѓаните и работи на нивно решавање.
Според партијата, Јахији ќе биде глас на граѓаните и партнер на сите кои сакаат да придонесат за развојот и благосостојбата на општината






