АХВ и „Водовод“ тврдат дека водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија ешерихија коли.

„Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено
известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од
лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна законска обврска, врз основа на кое би била донесена и забрана за нејзина употреба.
Граѓаните не треба да стравуваат. Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба“, велат од АХВ.






