Долгот на Американците по кредитни картички се приближува до рекорд

Долгот на Американците по кредитни картички достигна 1,26 трилиони долари во вториот квартал од годинава, приближувајќи се до рекордните 1,28 трилиони долари забележани на крајот од минатата година, покажаа податоците на Федералните резерви на Њујорк.

Долгот за три месеци е зголемен за 21 милијарда долари, а економистите овој раст го поврзуваат со високата потрошувачка и порастот на цените на храната, горивото и другите основни производи, пренесе Еј-би-си (ABC).

Уделот на долговите по картички кои доцнат повеќе од 90 дена порасна од 7,6 отсто во средината на 2022 година на 12,8 отсто на почетокот од оваа година.

Вкупниот долг на американските домаќинства достигна 18,8 трилиони долари.

Најголем дел од него го чинат хипотеките – 13,12 трилиони долари, потоа автокредитите – 1,71 трилиони долари (што е нов рекорд), па студентскиот долг – 1,65 трилиони долари и кредитните картички

Back to top button
Close