Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk

Телото на 38-годишниот Лирим Хајредини од Скопје утрово било пронајдено пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен околу 9:25 часот во СВР Скопје. На местото веднаш излегле полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, при што било констатирано дека лицето им подлегнало на здобиените повреди.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Повеќе од 16 години Хајредини беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат.

Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција.

Хајредини беше искусен менаџер во медиумскиот сектор со експертиза во маркетинг, бизнис стратегии и телевизиска продукција. Покрај неговата менаџерска кариера, тој има работено и како преведувач на стручна литература.

 

Back to top button
Close