Гаши: Охридскиот рамковен договор ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество

Охридскиот рамковен договор ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество. Нашата одговорност денес е да се надоврземе на неговите поуки и да ги преточиме во одржливи стандарди на демократијата и соживотот, вели претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод одбележувањето на годишнината од договорот.

-Денес, одбележувајќи ја годишнината од Охридскиот рамковен договор, се потсетуваме на еден од најважните моменти во современата историја на Република Северна Македонија. Овој договор беше политички и институционален одговор на криза што бараше одговорност, дијалог и визија за иднината. Пред сè, тој ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество. Дваесет и пет години подоцна, неговата важност мора да се гледа подалеку од политичките разлики и секојдневните толкувања. Охридскиот договор останува важен столб на уставната и институционалната архитектура на нашата држава. Нашата одговорност денес е да се надоврземе на неговите поуки и да ги преточиме во одржливи стандарди на демократијата и соживотот, се наведува во соопштението од спикерот Гаши.

Република Северна Македонија, наведува тој, е заеднички дом за сите нејзини граѓани, а нејзината сила не лежи во разликите што нè делат, туку во способноста да ги претвориме во заеднички вредности.

-По четвртина век, прашањето што мора да си го поставиме повеќе не е што сме постигнале, туку што ни останува да им наследиме на идните генерации, државата што ја сакаме. Затоа, нека оваа годишнина биде заедничка обврска: Денешната политичка генерација и институции го зачувуваат мирот преку дијалог, ја зајакнуваат еднаквоста и го градат соживотот преку дела. Нека секоја идна генерација го наследи Охридскиот договор како пресвртница во историјата и како жива вредност на државата. Додека граѓаните се тие што имаат сила да го живеат секој ден, порачува претседателот на Собранието Африм Гаши.

Back to top button
Close