Борозан: Пет недели жителите на Гостивар се без чиста вода – резултати од анализите сè уште нема

Поминаа пет недели – граѓаните на Гостивар сè уште немаат чиста вода. Резултати за водата не се објавени, власта секојдневно излегува со различни информации, пишува во денешното соопштение на СДСМ од прес-конференција на Маја Борозан.

Прво, велеа водата може да се користи како „техничка“, па потоа Клековски призна дека во водата има бактерии, не една туку повеќе.

 

Никогаш не објавија извештај и резултати за водата, кој одобрил да се користи, кој потпишал.

И додека Мицкоски и неговата власт, во која сите Тошковски е експерт за хиперхлокирање а Клековски никаде го нема, во Гостивар има нови случаи на затруени граѓани, и реинфицирани.

Тоа значи дека опасноста не е помината.

Во среде лето, во 21 век – без вода е цел еден град. 5.000 граѓани имаат здравствени последици од загадената вода.

 

Цел еден град е затруен поради неспособноста на власта на Мицкоски да се справи со оваа здравствена криза.

 

Гостивар е показател за целосниот распад и нефункционалноста на системот.

 

Се покажа Мицкоски и ВМРО не знаат и не се способни да менаџираат криза, не можат да го заштитат здравјето на граѓаните. Задоцнија во секој чекор.

 

Од прогласување на епидемија, до преземање на превентивни мерки.

 

И ова не е изолиран случај. Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна.

 

Секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е затруена.

 

Цела држава е отруена.

 

Вчера надлежните потврдија дека загадена е и водата за пиење во Свети Николе – утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа.

 

Затруени се реките Тополка и Бабуна. Бела хемиска материја имаше во реките Лепенец и Вардар.

 

Во вакви услови, кога секојдневно излегуваат нови информации за загадена вода, власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите.

 

Зошто?

 

Граѓаните од цела Македонија имаат право да знаат каква е водата што ја пијат.

 

Се работи за нивното здравје, за основното право на чиста вода за пиење.

СДСМ ја повикува власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите.

Видовме до што доведе криењето на информации во Гостивар – илјадници луѓе затруени, секојдневно нови случаи, па дури и реинфицирани граѓани.

Не треба да се чека. Направете ги анализите и објавете ги резултатите.

Back to top button
Close