Млада девојка загина во тешка сообраќајна несреќа
Деветнаесетгодишна девојка го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа околу половина час пред полноќ се случи на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица.
-Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на мотоциклот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Д., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, при што кај возачот на возилото „сеат“ било извршено алкотестирање и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта и тој е лишен од слобода, информира МВР.
Исто така, било констатирано дека возачот на мотоциклот, А.Д го управувал нерегистриран и пред да се стекне со право да управува со моторно возило.
За време на вршење на увидот, сообраќајот на магистралниот пат Струмица-ГП Ново Село, кај с.Турново, бил во прекин во двата правци во периодот од 00:00 до 02:30 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција






