(ВИДЕО) Со трактор влезе во огнот: Александар Чепиговски помогна да се запре пожарот во селото Лознани

 

Ангелов посебно ја истакна храброста и вештината на младиот тракторист, кој со својот трактор се вклучил во борбата со огнената стихија, изложувајќи се на голем ризик.

„Посебно сакам да го истакнам и да му се заблагодарам на младиот тракторист Аце – Александар Чепиговски од с. Ивањевци, кој покажа извонредна вештина во управувањето со неговиот огромен трактор, изложувајќи се на голем ризик, орајќи директно низ линијата на огнот, со што го сопре ширењето на пожарот на повеќе места“, истакна Ангелов.

Според Ангелов, токму интервенцијата на Чепиговски помогнала ширењето на пожарот да биде запрено на повеќе места.

Со својата храброст и брза реакција, младиот тракторист дал значаен придонес во напорите на терен за ставање на огнот под контрола.

facebook
Twitter

Back to top button
Close