Голем пожар во Германија: Евакуирани 1.800 луѓе, огнот се приближува до населено место

Околу 1.800 жители биле евакуирани во петокот рано наутро во западна Германија, откако шумски пожар се проширил кон населено место во близина на границата со Белгија.

Screenshot

Општинските власти околу 4 часот наутро им наредиле на жителите на селото Геј веднаш да ги напуштат домовите. Тие биле упатени во прифатен центар организиран во основно училиште во блиското место Штрас.

 

На жителите им било препорачано со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови.

 

— реклама —

 

Пожарот зафатил околу 25 хектари шума, поради што во текот на четвртокот бил активиран голем број пожарникари и екипи на итните служби. Напорите за ставање на огнот под контрола продолжуваат, а регионалниот пат Б399 е затворен за сообраќај.

 

— реклама —

 

Германските метеоролози предупредуваат дека голем дел од земјата се соочува со суша и зголемен ризик од шумски пожари.

 

Европа воедно се соочува со сè поинтензивни топлотни бранови, а оваа година сезоната на пожари е особено активна. Експертите како една од причините ја посочуваат влажната зима, која овозможила бујна вегетација, а потоа таа се исушила по серијата топлотни бранови објави Скопје1.мк

Back to top button
Close