Водата во Гостивар е безбедна за пиење

Водата во Гостивар конечно е безбедна за пиење, соопштија денеска од Главниот штаб за управување со кризи.

Гостиварци по речиси еден месец конечно добија вода за пиење.

Последните добиени резултати потврдуваат дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење, изјави попладнево директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

На граѓаните им се порачува пред да ја користат водата за пиење, таа добро да истече од чешмите.

Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи.

Претходно за најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот водовод седница одржа Главниот штаб за управување со кризи

Back to top button
Close