(ВИДЕО) Денови на јавно пиење вода: По Орце и Стојанче испи една чаша ама од чешма во Гостивар
Со здравица со вода, во Гостивар пуштена во употреба водата за пиење од водоводот, настан кој одговорните го претворија според реакциите на социјалните мрежи во спектакал од типот на циркус Медрано за жителите на Гостивар кој повеке од еден месец не ја користеа водата од јавниот водовод откако претходно пиеле без да бидат информирани вода измешана со екалии од Вардар и околу 4 илјади жители поради стомачни болки и затруеност помош побараа во гостиварската болница. Денешното јавно пиење вода на луѓе од власта од водоводот за да демонстрираат дека сега водата е здрава и чиста и се тоа со сликање со камери нити беше умесно нити потребно пред гостиварќани кои цел месец на екстремно високи температури мака мачеа за вода и за пиење но и за хигиенски потреби.
По примерот на Скопскиот градоначалник вчера кој пред камери побара да му донесат чаша вода да ја испие за да докаже дека Скопската вода е чиста и здрава ,чин кој наиде на аплаузи но и на постсмев во јавноста,денека по негов пример и генералот Стојанче во Гостивар ама од чешма се напи вода и честита што гостиварчани по еден месец имаат чиста и здрава вода без фекалии. На директорот на ДЗС Стојанче Ангелов пиење јавно вода од чешма му се придружија неколкумина од дирекцијата а на пиењето вода беше и директорот на АХВ

.Денешното пиење вода од чешма беше своевидна демонстрација дека состојбата е нормализирана и дека граѓаните на Гостивар повторно можат да пијат вода од градскиот водовод.
А Ангелов, воодушевен, објаснува дека водата била „многу вкусна“ и дека дури ќе си наполнел една туба за Скопје. Од фекалии до „вкусна вода“ за еден месец, и сето тоа претворено во ПР спектакл.
Така, драги другари, со ваков провинцијализам не се гради држава. Кога основна обврска на институциите — да обезбедат чиста вода за пиење — се претставува како историски успех, тогаш проблемот е многу поголем од една загадена водоводна мрежа“, напиша Бленди Ходаи, директор на Форумот за образовни промени.
Според коментарите на социјалните мрежи, граѓаните не можат да поверуваат со каков Пи-ар се занимаваат политичарите, а дел од нив кога го виделе видеото, помислиле дека некој го креирал со алатка за вештачка интелигенција.
„21 век, 2206 година, ние вода пиеме да покажеме дали е чиста“, „Циркус Медрано, па уште на здравје си викаат“… се само дел од коментарите на интернет.
Но, овој циркус не е прв во македонската историја. Во 2016 година откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе одлука четири плажи на Дојранско езеро да бидат забранети за капење, граѓанин пиеше вода од езерото пред камерата на една телевизија.
„Дојдете да видите за неколку дена дека не ми е ништо“, рече тој.
„И син ми пие од оваа вода“, порача на прес-конференција градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и пред камери порача да му донесат чаша вода од чешма, ја испи и „докажа“ дека водата е исправна. Пресот беше реакција на шпекулациите во јавноста дека водата во Скопје е загадена со бактерии.
Функционерите порачаа дека здравјето и безбедноста на граѓаните остануваат приоритет, а контролата на квалитетот на водата треба да продолжи и во наредниот период
ВИДЕО: тв21






