Штерјова: Пет години лаги за модуларната – ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Филипче

Пет години ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Венко Филипче со злоупотреба на трагедијата во модуларната болница во Тетово и болката на семејствата на загинатите, стои во соопштението од прес-конференцијата на Кети Штерјова од Социјалдемократкиот сојуз
Пет години шират лаги, конструкции, клеветат, само за пресметка со претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.
Пет години ниту Филипче ниту СДСМ не се мешаше во работата на Јавното обвинителство.
Не вршеше притисок. Не ја коментираше постапката. Не бараше заштита.
Затоа што институциите мора да работат независно и без притисок.
Модуларните болници беа набавени преку меѓународна постапка на Светската банка, со механизми на контрола, во време на најголемата здравствена криза во поновата историја.
Тие болници не се градеа за тендерски профит, туку за да се спасуваат животи.
Се градеа во време кога болниците беа преполни, кога немаше доволно кревети, кога здравствените работници водеа битка за секој пациент.
Ако постоела и најмала основа за кривична одговорност на Филипче, зарем некој верува дека Мицкоски и ВМРО немаше да најдат начин да ја искористат?
По две години власт, со целата моќ што ја имаат, ќе оставеа нешто неискористено против својот најголем политички противник.
ВМРО-ОКГ водеше јавен линч и политички суд цели 5 години.
Без докази. Без пресуда. Без никакви граници.
Човек кој е доктор, хирург и универзитетски професор, го нарекуваа убиец.
Човек кој целиот професионален живот лекува пациенти, спасува животи и образува идни лекари, го нарекуваа „д-р Менгеле“.
Тоа е дел од кампањата на ВМРО и Мицкоски за ширење омраза и поделби.
Истата кампања која потоа организирано се рашири низ медиумската машинерија на ВМРО и
Орбановите 40% од медиумите.
Пет години ја користат трагедијата како политичко оружје, си поигруваат со болката, чувствата и жалта на семејствата на загинатите.
ВМРО и Мицкоски треба да им се извинат на граѓаните за пет години манипулации и ширење невистини.
Но, пред сè, да им се извини на семејствата на загинатите.
Затоа што пет години нивната најголема болка ја претвораат во политичка кампања и бесрамно си поигруваа со нивната болка.
Тоа е бездушно. Неморално. Тоа е ВМРО!
Социјалдемократски сојуз






