Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во Чичино

Центарот за управување со кризи известува дека до 13:00 часот се регистрирани 11 пожари на отворен простор. Од нив, шест сè уште се активни, еден е под контрола, додека четири се изгаснати. Активни се пожарите во Студеничани, Зелениково, Гостивар, Чашка, Пробиштип, Градско и Кичево. Во Кичево, пожарот во Тајмиште е под контрола, додека четири пожари се изгаснати во Сарај, Гостивар, Куманово и Берово. ЦУК продолжува да ја следи ситуацијата на терен. Од друга страна, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување извести за пожарот во Чичино, моментално е надвор од контрола.
„Пожарот што избувна на територијата меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се прошири. За жал, сега ја изгубивме контролата над него. Се работи на терен со сува трева, кој зафатил голема површина. Пожарот е насочен кон сртот, додека пожарникарите се борат да го задржат под контрола. Сега се обидуваат да ги заштитат овоштарниците и околните објекти, но тука ќе има долга и тешка битка, можеби неколкудневна. Веднаш беше побарана помош – државни трактори, хеликоптер од МВР, но и тоа не е доволно. Сега се испратени и четири специјализирани противпожарни возила, Пинцгауер“, изјави Ангелов






