Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди Пацификот во близина на Јапонија


Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди Пацификот, во близина на јапонските острови Огасавара, на околу 1.000 километри јужно од Токио, и нема опасност од цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 470 километри, објави „Индепендент“.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно објави дека островите биле погодени од земјотрес со магнитуда од 6,3 степени. Покрај оддалеченоста, потресите биле почувствувани низ широка област на источна и североисточна Јапонија, објави јапонска новинска агенција.

Јапонија се наоѓа во областа каде се среќаваат четири тектонски плочи, а околу 10 проценти од светските земјотреси со магнитуда од 6 степени и посилни ја погодуваат оваа земја или нејзината околина.

Back to top button
Close