Од следниот месец пасоши ќе бидат потребни за патниците на ферибот меѓу Ирска и Велика Британија


Од следниот месец, патниците што патуваат со ферибот помеѓу Ирска и Велика Британија ќе мора да покажат важечки пасош во согласност со барањата на британските погранични власти, јави ДПА.

Ферибот компаниите „Стена Лајн“ и „Ајриш Ферис“ денеска ги информираа своите клиенти дека промената се должи на барањата на британските погранични власти за „точност и веродостојност на податоците за патниците пред качување“.

„Стена Лајн“ објави дека сите патници што патуваат на линии од пристаништата Холихед и Даблин или Фишгард и Рослер сега ќе мора да покажат пасош, а други форми на идентификација нема да бидат прифатени.

Компанијата прецизираше дека правилото важи за сите патници, без оглед на нивната возраст или националност.

Back to top button
Close