Жена пронајдена почината во стан во Скопје, телото предадено на обдукција

На 26 август во 09:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на булеварот „АСНОМ“ во Скопје била пронајдена почината 65-годишната Д.В. од Скопје.

Лекар констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Back to top button
Close