ПМФЛ: Победи за Тиквеш и за Брегалница

Во Првата македонска фудбалска лига денес на распоредот беа два натпревара од 11. коло. Бодовите ги освоија Тиквеш и Брегалница.

Тиквеш на домашен терен забележа убедлив триумф над Башкими со 3:1.

Брегалница ја оствари првата гостинска победа оваа сезона. Штипјани во ефикасен натпревар со седум погодоци се радуваа 4:3 во Гостивар против Арсими.

На средбите одиграни вчера:

Шкендија – Вардар 0:0

Струга ТЛ – Скопје 4:0.

Во петокот, Силекс – Шкендија Арачиново 2:0.

Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите:

Табела: Шкендија 24 бода, Струга 23, Вардар 21, Тиквеш 20, Силекс 16, Шкендија Арачиново 14, Брегалница 13, Арсими 10, Башкими 7, Скопје 3.

Back to top button
Close