Тројца новинари на Алсат вратени од граничниот премин кај Прешево оти немале акредитации

На тројца новинари од македонски медиум им било забрането денеска да известуваат од изборите во Србија без српските власти да им дадат официјално образложение.
Од граничен премин кон Србија се вратени директорот на информативната програма на телевизијата АЛСАТ, Адриан Керими.
За АНЕМ (Асоцијацина на незавинси медиуми во Србија) изјавил дека тој, новинарот Зекирија Хаџиу и снимателот Бесим Шкрета биле запрени од граничните полицајци на преминот кај Прешево и дека, по час и половина чекање, не им било дозволено да го продолжат патувањето кон Белград. Им биле побарани акредитации, иако објасниле дека немаат намера да известуваат од гласачките места, туку да снимаат настани на улиците,јави Бета пренесувајќи соопштение од Постојаната работна група за безбедност на новинарите (SRG.
Ова објаснување исто така не било прифатено, а новинарите не добиле никаква писмена одлука за забраната за влез
Новинарските и медиумските организации, членови на СРГ, денеска предупредија за нови случаи на напади, притисоци и мешање врз новинарите за време на известувањето за парламентарните избори.
Во соопштението се наведува дека и на двајца новинари од хрватскиот портал Telegram.hr, Денис Махмутовиќ и Марко Мишчевиќ, денеска не им е дозволено да влезат во Србија на граничниот премин Батровци.
Според нивните изјави, тие биле вратени со образложение дека претставуваат безбедносна закана, додека, како што наведуваат, им било кажано и дека пишувале против владата.
Секцијата за новинари на SRG бара од надлежните органи да ја објаснат законската основа за одбивање на влез на пет странски новинари и околностите под кои е донесена таква одлука на денот на парламентарните избори.






