До 16 часот на претседателските избори во Бугарија гласале 16.04 отсто од избирачите
До 16 часот, одѕивот на претседателските избори во Бугарија изнесува 16.04 проценти, соопшти портпаролката на Централната изборна комисија, Стојанка Балова попладневната прес-конференција во Софија.
На претходните избори за претседател во 2021 година одѕивот на гласачите во овој период бил 24,12 проценти.

– Најголем одѕив има во Софија, 25.09 отсто, додека најнизок е во Крџали, 6.77 отсто, рече Балова.
Избирачките места се отворија во 7 часот по локално време, а гласањето треба да заврши во 20 часот. Доколку пред избирачките места има граѓани кои чекаат да го остварат своето право на глас, изборниот ден може да биде продолжен најдоцна до 21 часот.

Право на гласање на претседателските избори имаат 6,59 милиони граѓани кои треба да изберат нов претседател и потпретседател на државата од рекордни 27 кандидатски двојки.

Меѓу најистакнатите кандидатски двојки се актуелната претседателка Илијана Јотова со кандидатот за потпретседател Кирил Валчев, Андреј Ѓуров и Георги Кандев, како и Костадин Костадинов и Петар Волгин, Радослав Василев и Красимир Манов, Иван Христанов и Стојанка Черкезова…

Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва по 20 часот, а официјалните резултати од првиот круг Централната изборна комисија (ЦИК) треба да ги објави до 27 октомври. паг/ва/







