Антонели ќе тргне од пол-позицијата на Големата награда на САД

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, синоќа победи во квалификациите за Големата награда на САД во Формула 1.
Дваесетгодишниот Италијанец имаше време од 1 минута и 34,025 секунди во својот најбрз круг.
Второто место му припадна на 29-годишниот Холанѓанец Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, со заостанување од 0,179 секунди.
Третото место е за 22-годишниот Французин Исак Хаџар од Ред Бул, со заостанување од 0,215 секунди.
Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на САД ќе се вози вечер со почеток во 21 часот по македонско време.






