(Видео) Млад скопјанец уапсен со речиси 100.000 евра во фалсификувани банкноти – доби притвор во Бугарија
Деветнаесетгодишен македонски државјанин останува во притвор во Бугарија, откако бил фатен на граничниот премин „Капитан Андреево“ со 685 фалсификувани банкноти од 100 и 200 евра, во вкупна номинална вредност од 98.500 евра. Окружниот суд во Хасково го прифатил барањето на обвинителството и му определил мерка притвор поради сомнение дека сторил кривично дело и опасност од бегство.

Станува „Хасково инфо“ збор за Хамза Дарлишта, кој бил приведен на 19 октомври при гранична контрола. Кај него биле откриени 300 фалсификувани банкноти од 200 евра и уште 385 банкноти од 100 евра, соопштува бугарскиот портал „Хасково инфо“.
Според информациите изнесени пред судот, деветнаесетгодишникот е ученик во Скопје, каде што се школува вонредно, а истовремено работи во фирма како монтажер на камери за видеонадзор.
Пред истражните органи тврдел дека не знаел оти парите се фалсификувани.
Од обвинителството навеле дека младиот македонски државјанин накратко влегол во Турција, каде што облекол јакна во чија постава биле зашиени фалсификуваните банкноти.
При проверката на границата, според обвинителството, покажувал знаци на вознемиреност. Се прилепил до седиштето на автомобилот и гледал кон таванот, што било посочено како дел од околностите на случајот.
По приведувањето, истражителите го провериле и неговиот мобилен телефон, во кој, според обвинителството, биле пронајдени повеќе фотографии од слични фалсификувани банкноти, направени претходно во текот на годината. На дел од фотографиите се наоѓал и самиот осомничен.
Неговиот адвокат побарал поблага мерка, односно парична гаранција, повикувајќи се на младата возраст на обвинетиот и фактот дека претходно не бил осудуван.
Судот, сепак, го прифатил ставот на обвинителството дека постои основано сомнение за стореното кривично дело, како и ризик осомничениот да се сокрие доколку биде пуштен на слобода.
Одлуката не е правосилна и може да биде обжалена пред Апелацискиот суд во Пловдив.
Доколку биде прогласен за виновен, на деветнаесетгодишниот македонски државјанин му се заканува затворска казна од две до осум години објави Скопје1.мк
Видеото погледнете го тука






