Денвер го победи Њу Орлеанс во продолжение, Јокиќ запиша трипл-дабл

Денвер го победи Њу Орлеанс дома ноќеска во натпревар од регуларниот дел од сезоната на НБА, со 141:135 по продолжение.

Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, запиша трипл-дабл, завршувајќи го мечот со 35 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Денвер ја оствари својата прва победа во сезоната. Њу Орлеанс го загуби третиот натпревар по ред.

Резултати на другите натпревари:

Кливленд – Бруклин 125:121
Филаделфија – Милвоки 127:116
Чикаго – Вашингтон 120:124
Далас – Сан Антонио 106:122
Атланта – Хјустон 114:121
Феникс – Голден Стејт 131:122.

Back to top button
Close