Кузеска: СДСМ ги поддржува барањата на телевизиите – да се истражи влезот на српската медиумска машинерија во Македонија
СДСМ во целост ги поддржува барањата на националните телевизии и јавниот сервис кои предупредија за случувањата со законските сомнежи за влегувањето на српската медиумска машинерија и побараа институциите да постапат, изјави Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ на денешната прес конференција.

Мора да се истражи во целост и да се утврди одговорност!
Она што се случува е потврдува на сè она за што СДСМ со месеци ја предупредува македонската јавност.
Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, спроведува операцијата за медиумски мрак и во Македонија.
Српската медиумска машинерија преку Еуроњуз и Ало влегува во земјата.
На сомнителен начин и со заобиколување на законите.
За ова веќе алармираат и националните телевизии, Македонската медиумска асоцијација кои соопштија дека имаат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола.
Истиот модел сега се подготвува и со Euronews Македонија и влегувањето на Ало групацијата.
Тоа е шемата на Организираната криминална група и нивната сестринска СНС.
Чекор по чекор се гради инфраструктура за политичко, економско и медиумско влијание на концептот на „српски свет“ на Вучиќ за кој предупреди и Европскиот парламент.
Мицкоски не само што ги спроведува copy-paste политиките на Вучиќ тој е извршител на интерсите на неговиот ментор.
Ова е српско-руска агенда за Македонија да остане надвор од ЕУ и да остане тампон-зона за туѓи интереси.
Медиуми. Банки. Осигурување. Капитал. Влијание. Се она што СДСМ предупредува се случува пред очите на јавноста.
АЛТА банка веќе влезе во македонскиот банкарски сектор. Парите од сметките на јавните претпријатија и државата (парите на граѓаните) се префрлаат во Алта банка, со што таа остварува профит за финансирање на медиумите.
Граѓаните сами го плаќаат сопственото медиумско труење. Се отвора простор и за АЛТА осигурување.
Следува контрола врз информациите што стигнуваат до македонските граѓани и медиумски мрак.
Задолжени се Началникот Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска.
Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, кога европската перспектива се блокира, потребна е пропаганда и медумска контрола.
Да нема критика. Да нема прашања. Да нема одговорност.
Да има само пропаганда.
Ги повикуваме слободните медиуми, невладините организации, интелектуалците, заедно да се спротивставиме.
Ова е прашање што ги надминува партиските поделби.
Ова е прашање за слободата на медиумите и за демократска Македонија.
Македонија не смее да стане медиумска, политичка и економска колонија на туѓи центри на моќ.





