Објавени се први фотографии од Мадуро во американскиот затвор
Осум месеци откако американските трупи извршија операција во Венецуела и го уапсија Николас Мадуро, објавени се првите негови фотографии од затвор.

Фотографиите се објавени на официјалниот профил на Николас Мадуро на социјалната мрежа X, а на нив може да се види како поранешниот претседател на Венецуела се смее и позира.
„Мал подарок од љубов и надеж. Ги испраќам овие фотографии како мал подарок до сите мои внуци, момчиња и девојчиња, и до сите благородни луѓе кои нè сакаат“, се вели во пораката објавена на профилот на Мадуро.
Тој, исто така, нагласи колку е благодарен за зборовите на поддршка.
„Сакам да знаете дека стоиме цврсто, срцата се исполнети со вашата љубов – таа љубов што нè допира трансформирана во молитва, во континуирано дејствување, во солидарност и вистинска поддршка. Ви благодарам бескрајно за секој збор, секој гест и секој благослов“, вели тој.
Сликата изгледа дека е направена во јуни, судејќи според временската ознака, и покрај тоа што е објавена денеска рано наутро






