Украинската војска потврди дека уништила руски ловец МиГ-29 и хеликоптер Ка-27

Украинските вооружени сили потврдија дека при напади на 27 и 30 август уништиле руски ловец МиГ-29 во близина на аеродромот Милерово во Ростовската област и хеликоптер Ка-27 во близина на аеродромот во Ејск, во Краснодарскиот крај, се посочува во објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук.
„По анализата на дополнителните податоци, потврдено е уништувањето на хеликоптерот Ка-27 во близина на аеродромот во Ејск, во Краснодарскиот крај на Русија, на 30 август 2026 година. Потврдено е и уништувањето на авионот МиГ-29 во близина на аеродромот Милерово, во Ростовската област на Русија, на 27 август 2026 година“, се наведува во соопштението.
Покрај тоа, во текот на изминатата ноќ единици на украинските вооружени сили извршиле напади врз повеќе воени цели на руските сили.
Во Володимиривка, во Донецката област, бил погоден магацин со муниција. Во Очеретине, исто така во Донецката област, бил погоден магацин со материјали и опрема. Во Речица, во руската Брјанска област, била погодена воена опрема.
„Обемот на причинетата штета се утврдува. Операциите против клучните воени цели на непријателот продолжуваат“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.






