Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен пациент од Гази Баба

Почина уште еден пациент од западнонилска треска, информираше министерот за здравство, Сашо Клековски.

Dengue, zika and chikungunya fever mosquito (aedes aegypti) on human skin

Бројот на починати од вирусот со последниот смртен случај се искачи на седум.

Министерот Клековски рече дека починатиот е пациент на возраст од 69 години од општина Гази Баба и бил хоспитализиран 38 дена.

Вкупниот број на хоспитализирани е 19, а има и еден нов сомнителен случај од Радишани.

Клековски рече дека последните неколку нови случаи се од Скопје Север.

Тој додаде дека според најголемата студија во САД, спроведена на над 3.000 случаи, стапката на заболување со невроинвазивната форма на западнонилската треска и смртноста е поголема кај мажите

Back to top button
Close