ВИДЕО: „Дали ти изгледам како идиот?“ – одговор на прашањето зошто не е објавена сумата на договорот за Дејвид Гета
Колку пари од државниот буџет ќе се одлеат за настапот на Дејвид Гета во организација на Владата и на „Авалон“ продукција?
Вредноста на договорот, како за настапот на познатиот француски диџеј и музички продуцент, така и за севкупниот караван за одбележувањето на 35 години независност на Македонија, не се соопштени
И покрај тоа што 50 илјади граѓани, но и фанови од други држави купија билети по симболична цена од 35 денари за да го гледаат Дејвид Гета утре во Скопје – сумата што ќе се потроши за неговото гостување досега не е јавно обзнанета, ниту пак може да се пронајде тендер на страницата на Бирото за јавни набавки за организацијата на концертот. Тендер на сајтот на Бирото за јавни набавки нема ни за организацијата на останатите спроведени активности и настапи кои се одвиваа во август а сите во рамките на целокупното одбележување на 35 години од независноста на Македонија.
Кога на денешната прес-конференција го прашавме организаторот на концертот Бобан Милошески од „Авалон“, зошто досега не е објавена сумата на договорот за концертот на Дејвид Гета и дали има некоја клаузула што тоа го спречува тој ни одговори:
„Дали ти изгледам јас ко идиот? Јас кажав за што е пресот. Имате да поставите прашање во контекст на пресот?“
Откако му одговоривме дека ова е прашањето што го имаме тој истото го оцени како провокација.
…






