Гордана Сиљановска-Давкова орданот „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски
По повод 35 години независност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го додели Орденот „8 Септември“ на Јордан Плевнеш, Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.

По повод 35-годишнината од независноста, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го додели Орденот „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан, како и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.
Претседателката и собраниска делегација положија цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател Киро Глигоров, поранешниот претседател Борис Трајковски и првиот премиер Никола Кљусев. Со највисокото државно признание се оддава почит на значајниот придонес на одликуваните во развојот на македонското општество и култура.
Признание и за великаните кои не се меѓу нас
Постхумното доделување на ордените на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски претставува признание за нивното долгогодишно творештво и придонес кон македонската култура и уметност. Одбележувањето на Денот на независноста годинава е посветено на 35 години самостојна Македонија, а претседателката порача дека независноста не е завршено минато, туку трајна обврска на секоја генерација да ја чува, гради и надградува државата.






