Манасиевски: Жерновски пак го вози автомобилот на „братучедот“, а богами и непрописно паркира
Жерновски во стилот на Артан „Лотарија“ Груби, го вози автомобилот на „братучедот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук статусот на партискиот портпарол Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално.
Откако јасно кажа пред некој месец на гостување на поткаст (ВИДЕО), дека нема во своја сопственост автомобил марка „Мерцедес“ со регистарски таблички од иста бројка, ниту пак дека некогаш во животот возел „Мерцедес“, во сопственост на негов братучед, повторно со свои очи го видов неуспешниот амбасадор Жерновски како го управува „Мерцедесот“. (ФОТО)
Дополнително, непрописно се паркирал додека фрлаше ѓубре во контејнер. Но, на Жерновски не му е грижа, затоа што и да го казнат за непрописно застанување, автомобилот не е негов, братучед му ќе му ја плати казната.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ






