„Скејтањето не е за девојчиња“ го отвора 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

Со проекција на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, копродукциски проект во кој кинематографер е Фредерик Нуаром, вечер во Битола се отвора 47. издание на фестивалот на кинематограферите од светот „Браќа Манаки“.

Годинава фестивалот ќе има најголем број на акредитирани гости, но и најголем број на филмови кои ќе бидат емитувани на филмското платно, најавија од ИФФК „Браќа Манаки“.

-Фестивалот го почнуваме со македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“, во програмата мак-поинт ќе има повеќе од 15 македонски филмови, во кратката програма има македонски филмови, а на 25 септември фестивалот ќе заврши со македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ и кинематограферот Дејан Димески. Тоа за нас, а верувам и за публиката е, и ќе биде големо задоволство, истакна во пресрет на вечерашното свечено отворање на фестивалот, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Тема на визуелниот идентитет на годинешното издание на фестивалот е „Ткајачи на филм“, изработена од уметницата и графички дизајнер Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент“.

Back to top button
Close