Стружанец заедно со роднина ја тепал сопругата, па им се силел на полицајците
Ноќеска во 03:50 часот во струшко село, приведен бил 44-годишниот Б.Д. поради семејно насилство.

Според информациите, тој бил приведен по претходна пријава дека заедно со уште еден член на семејството, физички ја нападнале неговата сопруга.
Исто така, Б.Д. се однесувал агресивно кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава






