Уапсен 26-годишен манијак од кавадаречко – го пријавила млада велешанка дека ја допирал по телото среде улица
Синоќа во 22:15 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 26-годишниот С.Р.(26) од кавадаречкото село Дреново.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил уапсен во врска со настан од 16.09.2026, кога 24-годишна велешанка пријавила дека на улица „Бошко Златанов“ во Велес, едно машко лице ја допиралo по телото.
По издадена наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во домот во Велес каде престојувал С.Р., при што биле пронајдени и одземени разни предмети.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






