СВР Скопје санкционираше лице за фрлање отпад на јавно место во Општина Шуто Оризари
– СВР Скопје санкционираше лице за фрлање отпад на јавно место, соопшти МВР. Станува збор за Е.А. (22) на кој му е издаден прекршочен платен налог согласно Законот за јавна чистота.

-Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, при Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера постапиле по претходна пријава за фрлање отпад на јавно место на улицата „Хаџи Јован Шишко“ во Скопје. При преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека се работи за Е.А. (22) од Скопје, наведува Министерството.






