Променливо облачно и топло, попладне локални врнежи и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Во попладневните часови на места се очекуваат повремени врнежи од дожд и нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 18 степени, додека максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне 32 степени.
Извор: skopje1.mk






