(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на улица, инспекторите го фатија и казнија

Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во Кисела Вода, создавајќи дива депонија. Од Град Скопје истакнуваат дека лицето е веќе санкционирано.
-Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме. Таквата неодговорност нема да помине без санкција!
Јасно кажав и останувам на зборот – нулта толеранција за секој што ги претвора јавните површини во депонии и го загрозува здравјето на граѓаните, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејабук.
Тој истакна дека инспекторите се на терен 24 часа, а во тек е и постапка за поставување камери на јавни површини, за побрзо откривање и санкционирање на прекршителите.



Извор: fokus.mk






