(Видео) Инцидент во Унгарија: Маж истури пијалак врз премиерот Петер Маѓар

Инцидент се случил за време на фестивал во унгарскиот град Сексард, каде маж истурил вино врз унгарскиот премиер Петер Маѓар.

Маѓар, кој присуствувал на „Сексардските денови на бербата“, објавил видео од инцидентот на својот профил на Фејсбук. На снимката се гледа како маж со чаша во раката му истура пијалак на Маѓар додека тој се наоѓа покрај штанд со храна.

По инцидентот, обезбедувањето реагирало и го одвело мажот од местото, додека Маѓар продолжил да разговара со присутните и да нарачува храна.

„Орбановиот воин се напи за да собере храброст. Немаше доволно храброст да ми пријде и да ме погледне во очи. Сигурно многу го мачело тоа што сите добро се забавуваат. Штета за вкусното сексардско вино“, изјави Маѓар.

Не е целосно јасно дали течноста на видеото е вино или минерална вода. Некои унгарски медиуми наведуваат дека станувало збор за вино, додека на снимката не може со сигурност да се утврди видот на пијалакот.

Инцидентот се случил откако Маѓар претходно бил во Печуј, а на враќање кон Будимпешта застанал на фестивалот во Сексард. Според неговата објава, таму разговарал и се фотографирал со голем број граѓани.

Ова не е прв инцидент со Маѓар на јавен настан. Во јули, маж го плукнал на железничката станица Запад во Будимпешта, според унгарските медиуми, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close