Полициска акција во Скопје, Тетово и Гевгелија: Се трага по вработени во Царинската управа, уапсени неколку лица
Во тек е полициска акција на подрачјето на Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, насочена кон разбивање на криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и коруптивни кривични дела, пренесе Курир.

Според првичните и неофицијални информации, досега се уапсени 6 лица, а се трага по уште неколкумина, меѓу кои има и лица вработени во Царинската управа. Акцијата опфаќа претреси на повеќе од десетина локации низ овие градови.
Во рамките на акцијата во Скопје и Тетово, при претрес во правен субјект, полицијата пронашла магацин со различни медицински лекови и машина за екстракција на масло.
Од МВР за порталот појасниле дека акцијата ја води Одделот за сузбивање на организиран криминал при БЈБ, а се постапува по сомненија за криумчарење, повреда на права од индустриска сопственост, давање и примање поткуп и перење пари.






