Загина пешак откако го прегазил возач кај Струмица

Човек од струмичкото село Секирник ноќеска загинал во сообраќајна несреќа откако во него удрил возач, кој потоа бил приведен.

„На 21.09.2026 околу 01:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на влез во с.Секирник, струмичко, патничко возило ‘ренџ ровер’ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот М.И. од Ново Село, удрил во 47-годишниот Ѓ.К. од с.Секирник, струмичко. Во несреќата од здобиените повреди, на местото на настанот починал пешакот, a лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт. Возачот на патничкото возило ‘ренџ ровер’ М.И. е лишен од слобода и задржан во СВР Струмица. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица“, соопшти МВР.

Back to top button
Close