Побаран 48-часовен притвор за еден од возачите во сообраќајката кај Куманово, во која загинаа две лица

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека по наредба на јавен обвинител возачот на „мерцедесот“ е приведен и дека по документирањето на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Имајќи ја предвид оваа околност, извесно е дека тој е лицето за кое Обвинителството побарало да му биде одреден краткотраен притвор

Во однос на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Битола – Прилеп, во која имаше една жртва и четворица повредени, првичните резултати од увидот, според Обвинителството, упатуваат на сомненија дека едниот од возачите со автомобилот преминал во коловозот во спротивен правец и директно се судрил со другиот автомобил

Краткотраен, 48-часовен притвор побарал надлежниот јавен обвинител за едно лице во врска со тешката сообраќајна несреќа што во саботата се случи на автопатот Куманово – Скопје, во која две лица загинаа, а три беа тешко повредени.

Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, краткотрајниот притвор бил побаран со цел истражните органи да обезбедат докази околу евентуална одговорност на лицето за околностите во која се случила несреќата.

Сообраќајната несреќа се случи во саботата околу 21:35 часотт во атарот на селото Агино, на автопатот Куманово – Скопје. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека во неа учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од М. М. (65), и автомобил „опел корса“, управуван од С. Н. (27) – двете со скопски регистрации. На самото место починале сопатниците во „опел корсата“ – В. Н. (49) и Л. М. (71) од Скопје, додека едно лице со тешки и две со телесни повреди беа пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека по наредба на јавен обвинител возачот на „мерцедесот“ е приведен и дека по документирањето на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имајќи ја предвид оваа околност, извесно е дека тој е лицето за кое Обвинителството побарало да му биде одреден краткотраен притвор.

Инаку, од републичкото Јавно обвинителство инфоирмираат и за текот на истражните дејствија во врска со сообраќајната несреќа што вчера се случи на патот Битола – Прилеп, а во која животот го загуби 17-годишна девојка, додека четири лица, меѓу кои 7-годишно дете, беа повредени.

Во несреќата учествуваат возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Е. Ф. (28) од прилепско Канатларци, и „форд”, исто така, со битолски регистарски ознаки, управувано од М. Н. (48) од село Долно Српци.

Првичните резултати од увидот, според Обвинителството упатуваат на сомненија дека едниот од возачите со автомобилот преминал во коловозот во спротивен правец и директно се судрил со другиот автомобил. Возачот за кој станува збор, додаваат оттаму, во моментов е хоспитализиран со тешки телесни повреди.

 

Од Обвинителството информираат дека во однос на двете сообраќајни несреќи дежурните јавни обвинители издале наредби за обдукција на телата на загинатите, како и наредби за дополнителни вештачења.

„Наредена е детална проверка на околностите во кои се случиле сообраќајќите“велат од републичкото Јавно обвинителство.

Back to top button
Close