Вреди: Дали Ахмети го пушта Груби низ вода
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да го спаси Артан Груби, толку повеќе изгледа дека го пушта низ вода. И минатиот пат кога тврдеше дека нема да има обвинение и дека Груби ќе излезе на слобода, се случи спротивното. На Груби му беше продолжен притворот и започна постапката против него, се наведува во соопштението на Вреди .

Што сака да спречи Ахмети? Дали се плаши од тоа што Груби би можел да го каже? Или свесно го жртвува Груби, мислејќи дека така ќе си го расчисти патот за враќање на власт?
Со тврдењето дека Груби е невин, Ахмети всушност одработува тој да биде осуден.
Јавниот политички притисок врз судот во случајот на лице од црната листа на САД може да предизвика само спротивен ефект. Оваа коцкарска тактика на Ахмети само ја забрзува неговата политичка пензија. Прашање на време е кога незадоволството во ДУИ ќе излезе на површина.
Две години им продава бајки дека само што не се вратиле во Владата. Не се вратија, а на локалните избори доживеаја дебакл. Сега се обидува и случајот на Груби да го претвори во уште една политичка коцка. Само што овојпат на коцка не е само Груби, туку и самиот Ахмети.






