Шестгодишно девојче од Кина го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка

Со време од 4,27 секунди, шестгодишното девојче Лијан Јунџи двапати во рок од три дена го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка“, јави Би-би-си.

Јунџи, резултатот го постигнала по пет последователни сложувања и со тоа станува првата натпреварувачка во женска конкуренција која успеала да оствари просечно време помало од 4,5 секунди. Таа го соборила рекордот од 4,52 секунди, за веднаш потоа, на натпреварите одржани во Вухан и Гуангџоу, да постигне време од 4,27 секунди.

За да го постигне резултатот, шестгодишното девојче од Сечуан, Кина, минала низ исклучително строг и посветен процес на подготовка, вежбајќи од два до три часа дневно.

„Моменталниот светски рекорд во поединечно решавање на стандардна Рубикова коцка (3×3×3) му припаѓа на Теодор Зајдер од Полска, со остварено време од 2,76 секунди, додека пак, официјалниот светски рекорд во просек го држи Јихенг Ванг, со постигнат резултат од 3,51 секунди“, се наведува на официјалната онлајн страница на Светската асоцијација за сложување коцки (ВЦА).

Back to top button
Close